Носачот на авиони на Кралската морнарица „Принцот од Велс“ вреден 3,5 милијарди евра се расипа само еден ден откако го напушти англиското пристаниште Портсмут, на четиримесечна мисија во САД.
Loading...
Воен брод тежок 65.000 тони остана заглавен во близина на британскиот остров Вајт, а воените техничари ги истражуваат причините за неуспехот, изјави портпаролот на Кралската морнарица, пренесува „Гардијан“.
„Принцот од Велс“ е најголемиот британски воен брод и најголемиот носач на флотата на НАТО, а ова не е првпат да има проблеми, јави Танјуг.