Се преврте брод на реката Нигер, загинаа 76 лица

Сподели со своите пријатели

Во несреќа во југоисточна Нигерија, 76 лица загинаа кога преполн чамец се преврте на реката Нигер, потврдија нигериските власти.

Loading...

На бродот што пловел во Нигер и се превртел во петокот имало 85 луѓе, објави претседателот на таа земја Мухамаду Бухари.

Анамбра е една од 29-те држави во Нигерија кои се погодени од силни поплави од почетокот на сезоната на дождови.

„Брод со 85 луѓе се преврте поради поплави, а спасувачките служби потврдија 76 загинати“, рече Бухари.

„Се молам за душите на загинатите и за безбедноста на сите други, како и за благосостојбата на членовите на семејствата на жртвите во таа трагична несреќа“, рече нигерискиот претседател.

Бродските несреќи се чести во Нигерија поради пренатрупаност, прекумерна брзина, лошо одржување или непочитување на правилата за навигација, наведува АФП.

Од почетокот на сезоната на дождови, повеќе од 300 луѓе загинаа, а најмалку 100.000 останаа без покрив над главата во најголемите поплави со кои Нигерија се соочи од 2012 година.