Се прават планови за „зимска војна“: Залужни разговараше со американскиот генерал Браун

Сподели со своите пријатели

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни разговараше со началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Чарлс Браун.

Loading...

Тие разговараа за плановите за зимскиот период и итните потреби на украинската армија

Тој детално го информирал американскиот генерал за последните случувања на бојното поле, истакнувајќи дека насоките на Авдиевка, Купјанск и Маринка и понатаму се „најжешки“.

Според него, ситуацијата е тешка, но се уште е „под контрола“.

Украинските вооружени сили продолжуваат со офанзивните напори во одредени области, нанесувајќи му големи загуби на непријателскиот персонал и воената опрема, додаде тој.

„Разговарав и со генералот Браун за нашите планови за зимскиот период и особено се фокусиравме на итните потреби на украинската армија. Пред сè, станува збор за артилериски истрели, системи за противвоздушна одбрана и ракети земја-воздух“, изјави Залужни на каналот Телеграм.

Залужни и Браун разговарале и за обуката на украинските војници и обновувањето на борбената способност на украинските бригади.

Врховниот командант на украинските вооружени сили им се заблагодари на американските партнери за поддршката и помошта на Украина во борбата против рускиот агресор.

Loading...

Според украинската државна агенција, во последните два дена руските сили ги засилиле воздушните напади во областа Авдијивка, додека денеска Украина одби седум непријателски напади во споменатата област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.