Надлежните институции во Македонија на чело со Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи ги разгледуваат можностите како да се ограничи користењето на ТикТок во земјава.
Според пишувањата на националните медиуми, полицијата анализира видеа на ТикТок кои не се соодветни за возраста на децата, а со тоа и можноста како апликацијата да се ограничи.
Според министерот за образование и наука Јетон Шаќири по проценките за можните ризици од безбедносните институции ќе се донесе конечна одлука.
– Доколку потврдат безбедносните институции, како што знаеме од неодамна и според информациите со кои располагаме, некои ТикТок видеа од учениците, како предупредувања кои ги добивме од МВР. Ако ова може да се оцени како лош материјал, лоша причина за користење на ТикТок, заедно со Министерството за информатичко општество, Агенцијата за електронски комуникации и други институции кои се во делот за функционирање на ТикТок ќе ги истражиме сите можностите како да се користи ТикТок како апликација“, вели Јетон Шаќири.
Засега нема детали на кој начин би се сторило тоа, но според одредени написи на медиумите, нема да има целосна забрана за апликацијата, туку рестрикции за нејзинот користење во училиштата.
Никола Ивановски