Се поставува нов паркет во Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Храмот на спортот во Куманово добива нов паркет деновиве и се финализираат последните градежните активности пред нејзиното повторно отварање.

Loading...

 

 

Интензивно се работи на Спортската сала во Куманово, според фотографиите што ги објави градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи.

– Нов паркет по ФИБА стандарди во спортската сала, напиша Димитриевски.

 

Loading...

 

Претходно беше поставувен нов еластичен под за спортско борилиште, има ново современо озвучување, нова фасада и тоалети, како и нови ПВЦ врата и прозорци.

Поставено е и новото осветлување, но и новиот модерен висечки ЛЕД семафор кој ќе се наоѓа на центарот на конструкцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силниот ветер корнеше дрвја и бандери ноќва низ Куманово (ФОТО)

 

 

Како што претходно најави кумановскиот градоначалник,  ќе се заменат и на санитариите, одводот, водоводот, лепење плочки и партерно уредување од надвор.

 

Loading...

 

Според техничката документација целиот проект требало да чини 6,5 милиони евра, но работите се завршени за нешто под 2 милиони евра, појаси Димитриевски претходно.

Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од околу четири илјади седишта.

Се очекува објектот да биде реконструиран и пуштен повторно во употреба во пресрет на денот на градот – 11 Ноември.

Никола Ивановски