Русија и Кина активно подготвуваат средба меѓу лидерите на двете земји Владимир Путин и Си Џинпинг на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд на 15 и 16 септември, изјави денеска рускиот амбасадор во Пекинг Андреј Денисов.
Loading...
– За помалку од десет дена нашите лидери повторно ќе се сретнат на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд. Активно работиме на подготовки – изјави Денисов на новинарите.
Тој додаде дека е планирана детална агенда за средбата меѓу двајцата лидери.
Рускиот дипломат додаде дека билатералните посети меѓу Путин и Си засега не се планирани.