Се обидел да убие пајак па запалил цела куќа

Сподели со своите пријатели

Еден жител на Таусон во Аризона запалил цела куќа во обид да истера пајак од дворот.

Според пишувањето на „Дејли морор“, мажот со пропанска летлампа се обидел жив да го запали пајакот под приколка во близина на неговиот дом, како и бројни инсекти кои таму се наоѓале во тој момент.

Меѓутоа, огнот ја зафатил и куќата, која на крајот изгорела до темел.

Во гаснењето на пожарот, во кој никој не настрадал, учествувале 23 пожарникари.