СДСМ: Зврлевски се плаши и да го спомене името на Груевски, а не да го викне на распит (видео)

Сподели со своите пријатели

Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на Специјалниот јавен обвинител. Тој е единствениот кој во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски, може да донесе одлуки во коишто ќе верува јавноста во Македонија, изјави на денешниот прес Петре Шилегов, откако Јавното обвинителство излезе со соопштение за отпочнување постапка за истрага за прислушуваните материјали.

Loading...

Според СДСМ, тука се покажала непрофесионалноста на Марко Зврлески кој е во директен линк со Никола Груевски.

– Напразно Зврлески сака да покаже дека наводно нешто почнал да работи. Половина година од објавата на доказите од прислушувањето и поднесените кривични пријави, не е покрената ниту една постапка. Соопштението од Зврлески следува откако е договорено Специјален јавен обвинител да ги работи предметите за функционерите чијашто одговорност тој ја крие.

Ако добро се проследи она што го напишал Зврлески, тој не се осмелил ниту еднаш да го спомене името на Никола Груевски, а не пак да го викне на распит, и покрај огромниот скандал со парцелите на Водно во којшто е вмешан Груевски како премиер.

Обвинителството не постапило по допрен глас за ниту една од снимките за коишто не е поднесена кривична пријава, а особено снимката која открива криминал со автопатиштата во коишто е вмешан Груевски со сериозни индиции за барање мито меѓу 15 и 18 милиони евра, како и за низа други афери во коишто е вмешан Груевски.

Освен Мијалков, ниту еден од високите владини и партиски функционери вмешани во скандалите не е викнат на распит.

За ниту еден од нив нема мерка за обезбедување.

Сите тие се уште ги извршуваат своите функции, а можат да ја попречат истрагата, да влијаат на сведоци или да уништат доказен материјал. Марко Зврлески не смее и не може да донесе одлуки по предметите. Зврлески нема ни морален ни професионален интегритет и кредибилитет .

Токму затоа е договорен Специјален јавен обвинител. Ништо не е ниту разјаснето, ниту готово, изјави Шилегов.

Според СДСМ, единствено што може да направи Марко Зврлески е да си поднесе оставка,