СДСМ: Втора централна дебата на Скопски саем во рамки на проектот “Визијата за Македонија”

Сподели со своите пријатели

Центарот за комуникации на СДСМ ја информира јавноста дека денес /11 Октомври/, во 11.55 часот, во објектот на Скопски саем – Скопје, ќе се одржи втората централна дебата од проектот Визијата за Македонија, на тема: Крај за комодитетот, воведуваме контрола врз власта.

Loading...

Целта на централната дебата е интерактивна средба со сите заинтересирани граѓани поединци, граѓански здруженија, организации и споделување на размислувања за тоа како да се обезбеди надворешна контрола на полицијата, како да се ослободат медиумите од стегите на власта и како да се заштитат човековите права.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија повикува на активно учество на дебатата на која ќе се обратат генералниот секретар Оливер Спасовки, претседателката на Комисијата за внатрешни работи Фросина Ременски и претседателката на Комисијата за правда, Рената Дескоска.