СДСМ: Власта прислушкувала минимум 10 активни невладини организации (видео)

Сподели со своите пријатели

Според податоците што до овој момент ги имаме, во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации, изјави на денешниот 37 – по ред прес на СДСМ, одржан во Кампот на слободата.

Loading...

Според СДСМ и Заев, Службите на Управата за безбедност и контраразузнавање, под палките на Груевски и Мијалков во Република Македонија ги следеле и прислушувале:

– НВО Инфоцентарот

– Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

– Невладината организација Транспарентност Македонија

– Фондација отворено општество Македонија (СОРОС)

– Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода

– Истражувачкиот центар за граѓанско општетство

Loading...

– Платформата за граѓанска политика – АЈДЕ!

– ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација

– Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)

– Граѓанската организација Плоштад Слобода

 и Фондацијата Метаморфозис.

”Ова се само дел од организациите од невладиниот сектор за коишто се комплетирани материјали, но нивниот број, но нивниот број е поголем ако се има предвид дека дел од нив се слушаат индиректно и како ќе бидат составени нови папки, така претставниците на граѓанскиот сектор ќе бидат известени да дојдат да си ги ги подигнат во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз. Соопштените организации се следени со прислушување на првите луѓе на организациите или нивни активни членови. Тоа значи дека има случаи каде што во една организација се следени повеќемина граѓански активисти.

Прислушуваните аудио материјали денеска ќе им бидат врачени лично на претставници на организациите кои се присутни овде. Јасно е зошто нема да бидат јавно објавувани аудио снимките. Граѓанскиот, цивилниот сектор е еден од носечките столбови на демократската јавност, или барем така би требало да биде во нормална земја и должност е на сите да го почитуваме тоа, изјави Заев.

 

 


Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.