Денеска јавноста ќе слушне за тоа како функционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во делот на меѓусебната заштита и покривање на незаконското однесување, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција.
Loading...
– Ќе слушнете нови докази како се местени милионски тендери и како се испумпувале пари во приватни компании кои потоа завршувале во ВМРО ДПМНЕ. Денеска јавноста ќе ја дознае и вистината за тоа кој стои зад купувањето од страна на МВР нов автомобил Мерцедес вреден речиси 600 илјади евра. Кој го нарачал и за каква цел, изјави Заев.