Центарот за комуникации на СДСМ испрати допис до сите медиуми во кое велат дека денешното сликање на Никола Груевски со членовите на Специјалната олимпијада на Македонија е крајно лицемерно.
Соопштението ви го пренесуваме во целост.
Почитувани,
Денешното сликање на Никола Груевски со членовите на Специјалната олимпијада на Македонија е крајно лицемерно.
На последната седница на Советот на град Скопје, советниците на СДСМ и коалицијата предложија набавка на уште едно дополнително возило за лица со посебни потреби, наместо набавка на електричен автомобил за потребите на администрацијата на градот.
Вредноста на електричниот автомобил е 30.000 евра, што е сосема доволно за набавка на уште едно, дополнително специјално возило за лицата со посебни потреби. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наместо за потребите на лицата со посебни потреби, одлучија да се луксузираат со електрични возила за администрацијата.
За Груевски потребите на граѓаните никогаш нема да бидат пред неговите и потребите на неговите соработници од злосторничкото здружение за раскош и луксуз. Тоа граѓаните веќе добро го знаат и ќе го испратат Груевски во политичка пензија.