Испаничен од потпишаниот договор за преодна влада, Груевски со Ставрески сака да ги доразграби граѓаните, пред конечно да бидат развластени, реагира СДСМ во партиското соопштение по повод предложениот ребаланс на Буџетот на РМ од страна на Министерството за финансии.
Понудениот ребаланс е само уште еден чекор во проектот на кумашинската двојка “Немаме за леб, а трошиме за чоколади“, обвини СДСМ во партиското соопштение.
Со ребалансот продолжува економското исцрпување на граѓаните и на стопанствениците.
Како и сите претходни години, Ставрески, според своите лични признанија, што ги слушна целата јавност преку проектот Вистината за Македонија, вештачки ги дува приходите, со цел лажно да го проектира дефицитот што секоја година расте, а со тоа расте и задолжувањето.
Предложениот ребаланс што единствено може да помине кај гласачката машина на моменталното владеачко мнозиство во Парламентот е полн со нелогичности по што е препознатлива расипничка власт на Груевски.
- Само Ставрески и Груевски може да предложат Ребаланс во којшто ја намалуваат стапката на раст за повеќе од 10%, а истовремено проектираат дека приходите ќе растат;
- Ставрески и Груевски манипулираат дека во 2015 година приходите може да изнесуваат фантастични 167 милијарди денари. Доколку се задржи сегашниот месечен просек на приходите, тие нема да надминат повеќе од 160 милијарди денари. Тоа ќе значи нов дефицит од 6 милијарди денари, што заедно со планираниот ќе изнесува над 430 милиони евра!
- Груевски и Ставрески ја корегираат стапката на раст од 4 на 3,5 отсто од БДП за 2015, а продолжуваат да манипулираат дека тој за 2015 ќе изнесува 9 милијарди евра.
- Груевски и Ставрески говорат за наводно добар Буџет, а кријат дека до мај се реализирани капитални инвестиции во висина од неполни 90 милиони евра или само 25% од планираните 360 милиони.
- Очигледно Груевски не може да се договори со себе или со кумот Ставрески во каква состојба е економијата, зашто ако Буџетот е во “одлична кондиција“ тоа значи дека премиерот 3 месеци непотребно ја плаши јавноста дека политичката криза предизвикала криза во економијата.
Фамилијарно-криминалната структура на власт ќе одговара за `се што им украде на граѓаните на Република Македонија, се вели во партиското соопштение на СДСМ.