Новиот закон во Саудиска Арабија би требало да стави крај на праксата според која мажот може да се разведе и без знаење на својата сопруга.
Судовите од сега ќе мора писмено да ги известат жените за развојот на бракот.
Адвокатите се задоволни затоа што така ќе се стави крај на „тајните разводи“, случаи во кои мажите можат да го раскинат бракот без знаење на животниот сопатник.
Директивата би требало да обезбеди жените да бидат свесни за својот брачен статус и да остваруваат права како алиментацијата.
Претходно бројни Саудијки се жалеле до судовите дека се разведени без нивно знаење.
Минатата година е укината децениската традиција за забрана за возење на жените.
Сепак, Саудијките и натаму во бројни животни аспекти зависат од „машките чувари“.