Саудиска Арабија е домаќин на самити за мир на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Во наредните денови Саудиска Арабија ќе биде домаќин на самити на арапски и исламски земји на кои ќе се разговара за немирите на Блискиот Исток и израелско-палестинскиот конфликт.

Loading...

Ова го соопшти Калид Ал Фалих, саудиски министер за инвестиции.

„Целта на одржувањето на овие три самити, како и на некои други состаноци, е под водство на Саудиска Арабија да бараме решенија кои водат до крај на конфликтот. Сакаме да владее мир“, рече Ал Фалих.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во недела ќе отпатува за Ријад, што ќе биде прва посета на еден од водечките ирански луѓе на Саудиска Арабија по многу години.

Исто така, Ал-Фалих најави дека ќе свика самит на африканските земји без да каже кој датум ќе биде.