Сашо Стошевски е назначен за нов директор на Општа болница Куманово, јавија попладнево дел од медиумите, а потврди и самиот тој.
Стошевски е магистер на економски науки, а повеќе од деценија и половина е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.
Стошевски беше и член на Советот на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари ненадејно го разреши Стефан Трајановски.
Одлуката за разрешување на Трајановски, како што рече Таравари вчера, е поради постоење индиции за лекарска грешка во случајот со 32-годишниот Ведат Адеми кој почина во установата.
Никола Ивановски