Акеторот Сашко Коцев деновиве освои награда за најдобар актер на „Beirut Shorts International Film Festival“, односно фестивалот за кратки филмови во Бејрут.
Актерот, роден во Куманово, во Либан ја освои наградата поради неговата улога во краткиот филм „Налепница“ на Георги Унковски.
Но, ова не е прва награда на Коцев со оваа улога. Тој го доби и признанието за најдобар актер на Фестивалот за кратки филмови во Берлин, Германија, две награди во италија, награда за најдобар актер на фестивал во Турција…
Сашко Коцев го игра главниот лик во „Налепница“, кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми…
Краткометражниот игран филм „Налепница“учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали и доби десетици награди.
Никола Ивановски