Сашко Коцев: Мажите уште ме пцујат што Смиљана ја побарав за жена на „Бубамара“

Сподели со своите пријатели

Сашко Коцев е еден од омилените актери на публиката. Со години вработен во МНТ, зад себе има куп улоги, филмови, серии, стендап-комедии. Годинава недостигаше на „Бубамара“, со филмот „Налепница“ ги собра сите награди, а на 6 мај во Скопје ќе биде премиерата на „Нешто слатко“, во кој игра со Јелена Јованова.

Loading...

Сашко беше гостин во студиото на „Репортер“ . Што на смеење, што сериозно, зборуваме за сè. Дознавме зошто не беше на „Бубамара“, а ни откри и дали му се допаднла оваа година менифестацијата без него.

Низ смеа раскажува како се снашол во Словенија додека снимаше филм.

„По 20 часа возење од Скопје, оти беше метеж, конечно, стигнав во Љубљана. Се јавувам во хотелот и екипата ми вика, качи се, тука сме на 15. кат. Се качувам ја залетан, среќен што ги гледам, влегувам внатре и викам: Дечкии … кај сте, еве ме! И, тие, по малку роботски, мртви ладни: Здраво. Како си? Викам, што ви е, брее? Па кај нас не е вака, па треба да ме гушнеш, па да кажеш кај си брат, па да ми ги скршиш ребрата“, низ смеа раскажува Коцев.

Особено интересно е како со Словенците се седи во кафеана оти не знаат што е мезе. „Па кај нас се седнува во кафеана во 14 часот и се станува утредента. Тука, пола саат – нарачуваат, јадат и си одат. Им викам, чекајте беее… полека. Прво се нарачува мезе, па после се руча“, раскажува Коцев.

Со Смиљана е 10 години во брак. Низ насмевка ели дека до денес е ненаспан откако се родила Јоана. Не крие дека популарноста му годи и дека живее за аплаузот.

За популарноста и како реагираат луѓето, има куп анегдоти за кој зборуваше во интервјуто. Муабетот со Сашко секогаш е поинтересен да се гледа, па и во интервјуто не изостана хуморот на Коцев.

За бракот, каков сопруг и каков татко е, за хуморот, готви ли дома, како раскажува приказни на ќерка сѝ… Гледајте го интервјуто.

Loading...

 

https://youtu.be/LdhLtnwji-Y