Санду: Молдавија мора да ја зајакне одбраната

Сподели со своите пријатели

Молдавија мора да ја зајакне својата одбрана имајќи предвид дека Русија не ја почитува нејзината неутралност, изјави претседателката на земјата, Маја Санду.

Loading...

– Молдавија е неутрална земја, но Русија не ја почитува нашата неутралност и ја држи својата војска на територијата на Молдавија. Затоа треба да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети – изјави Санду на националната телевизија, пренесе Ројтерс.

Русија ги стационираше своите мировни сили во Придњестровје од почетокот на 90-тите години на минатиот век и од времето на вооружениот конфликт во тој регион, пренесува Танјуг.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди дека Молдавија ја загрозува безбедноста на руските војници во Придњестровје, што создава ризик од воена конфронтација.