Четириесет и тригодишник од Куманово бил приведен по пријава дека бил агресивен и се заканувал на неговиот син.
– На 07.08.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д.(43) од Куманово затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

