Санчез свика кризен совет: Шпанија се опоравува од голем прекин на струја

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот оператор „Ред Електрика“ денес објави дека до пет часот по локално време, повеќе од 92 проценти од потрошувачите биле снабдени со електрична енергија, како и дека сите трафостаници биле под напон.

Loading...

Како што е наведено, во наредните часови се очекува целосна нормализација на снабдувањето со електрична енергија, објавува Паис.

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија во понеделник наутро, а во Шпанија најголемите проблеми беа во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте објави дека брзиот и дел од приградскиот сообраќај ќе продолжат наутро, додека операторот „Ренфе“ објави дека врските меѓу Мадрид и Барселона, Леванте, Баскија, Малага и Гранада се нормализирани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луфтханза укинува популарна услуга во авионите: Ќе влијае и на патниците, и на екипажот

Утрово ќе се одржи уште една седница на Советот за национална безбедност, на која ќе претседава премиерот Педро Санчез, а ќе присуствува и кралот Фелипе VI.

Прекинот на електричната енергија предизвика огромни проблеми – сообраќајот беше во хаос бидејќи семафорите не работеа, железничкиот сообраќај беше запрен, сообраќајот со авиони беше отежнат, додека болниците работеа со помош на генератори.

Плаќањата со картички беа оневозможени, а продавниците, аптеките и рестораните беа затворени.