Самсунг повторно е на прво место според бројот на продадени телефони

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг повторно го зазеде првото место во светот по продажба на мобилни телефони во првиот квартал, надминувајќи го Apple, покажуваат прелиминарните податоци на истражувачката компанија IDC.

Loading...

Продажбата на мобилни телефони е зголемена во периодот од јануари до март за 8,7 отсто во однос на истата временска рамка лани, со испорачани 289,4 милиони уреди, објави ДПА.

Самсунг продал 60,1 милион, а Епл 10 милиони помалку мобилни телефони, проценуваат тие, што одговара на пазарните удели од 20,8 и 17,3 отсто, соодветно.

„Како што се очекуваше, закрепнувањето продолжи, а оптимизмот полека се шири меѓу водечките брендови“, рече Рајан Рит, потпретседател на групата IDC за светска мобилност и следење на потрошувачки уреди.

„На крајот на 2023 година, Apple се проби на првото место, но во првиот квартал Samsung се врати на позицијата водечки снабдувач на паметни телефони“.

Xiaomi, Transsion и Oppo меѓу првите пет

Кинескиот Xiaomi е на третото место, а неговите домашни конкуренти Transsion и Oppo се на четврто и петто место.

Transsion работи првенствено во Африка, а во првиот квартал речиси ја удвои продажбата, според пресметките на IDC.

„Пазарот на паметни телефони се појавува посилно од периодот на турбуленции во последните две години, по значителни промени“, заклучи Набила Попал од IDC, директорка на истражувачкиот тим што ја следи состојбата на светскиот пазар.

Loading...

„Xiaomi силно закрепна од големите падови во изминатите две години, а Transsion ја зацврсти својата позиција меѓу првите пет компании со агресивен раст на меѓународните пазари“.

Самсунг и Епл продадоа помалку телефони во првиот квартал, но се чини дека Samsung севкупно е во посилна позиција отколку што беше во изминатите квартали, објави Хина.