Вечера на небото е единствена манифестација популарна во целиот свет во која имате можност да вечерате на висина од 50 метри додека ве подигнува кран.
Резервирана за хедонистите и оние кои не се плашат од височина, овој тип на вечера е одличен за авантуристите кои во текот на вечерата сакаат да ги гледаат светските градови од птичја перспектива.
Овој светски настан кој се вбројува во 10 најнеобични во светото, е актракција која ги спојува ексклузивноста и авантурата.
Целата конструкција се состои од кран кој го подигнува платото на кое се наоѓа огромна маса со 22 столици, кои се прицврстени за масата и на секоја постои појас кој посетителите мораат да го врзат поради лична безбедност.
Иако на прв поглед оваа платформа не ви внесува некоја доверба, компанијата која стои зад проектот тврди дека безбедноста е стопроцентна.
Во самиот центар на масата се наоѓаат келнери кои по ред ги изнесуваат јадењата, а тие се единствените кои носат сигурности траки, затоа што стојат на проѕирно плато и единствено тие немаат столици за кои можат да се врзат.
Оваа вечера е одржана во Мексико, Лас Вегас, Бејрут, Брисел, а првите две години други била претставена и во Белград. Тогаш вечерата на ова луксузно плато чинела меѓу 70 о 220 евра.
Овој проект настанал во 2006 година кога се вдружиле агенции кои се занимаваат со угостителство и компанија која произведува машини за луна паркови ширум светот.
Со вдружени сили настанала оваа летечка трпезариска маса која до сега е представена во 40 земји ширум светот.
Како истакнуваат во описот, организаторите до сега припремиле илјадници забави. Една од впечатливите која посебно ќе им остане во сеќавање е за принцот Алберт која била организирана на небото над Монако.