32 литри дожд вчера во Куманово, нестабилно ќе биде и попладнево

Сподели со своите пријатели

Вкупно 32 литри дожд на метар квадратен наврнале вчера на територијата на Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд наврнал во Скопје, дури 74 литри на метар квадратен.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла по одредени котлинии, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи.

– Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град, велат од УХМР.

 

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена од струен удар на работно место

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време во текот на претпладнето, а попладне се очекува нестабилност со дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 18 до максимални 29 степени целзиусови.

 

 

Од страна на УХМР е издадено жолто метео предупредување за опасност од невреме.

Нестабилност ќе има и во текот на утрешниот ден.

Никола Ивановски