Европската комисија претстави серија мерки насочени кон обезбедување на безбеден начин луѓето повторно да патуваат, во време кога владите се обидуваат да го оживеат туризмот и авиокомпаниите кои се запрени од коронавирусот.
Постојат мерки за сите видови на превоз: со авион, воз, автомобил, автобус и минибус.
Како ќе изгледа туризмот по коронавирусот?
Општи упатства
– Патниците се охрабруваат да купуваат билети, резервни места и да се регистрираат преку онлајн.
– Патниците треба да носат заштитни маски, особено кога мерките за физичко растојание не можат да бидат целосно почитувани во секое време. Маските не мора да бидат медицински.
– Физичкото растојание треба да се обезбеди на контролните пунктови и местата за проверка.
– Треба да се воспостават специјални ленти за раздвојување на патниците на пристаништата, аеродромите, железничките станици, автобуските станици, фериботските пристаништа и јавните транспортни постојки.
Како ќе изгледаат правилата за однесување на грчките плажи?
– Клупите, масите и столчињата и сè што поттикнува собири треба да се отстранат или постават на начин што гарантира одржување на физичката дистанца.
– Може да се овозможи помалку патници на автобуси, возови или фериботи, а патниците кои не живеат во исто домаќинство може да бидат одвоени.
– Персоналот треба да има соодветна заштитна опрема.
– Дезинфекциите треба да бидат на располагање, а возилата треба редовно да се чистат и дезинфицираат
– Храната, пијалоците и другите производи можеби повеќе да не се продаваат во возила.
– Продавниците ослободени од државни давачки и други продавници треба да го контролираат движењето на патниците со ознаки на подот и да го ограничат бројот на клиенти. Тие треба да го засилат чистењето и да постават заштитни бариери на благајните со цел физички да ги одвојат купувачите од продавачите.
– Мобилни апликации со мерки за набудување и предупредување за контакт со заразено лице може да се користат на доброволна основа. Ваквите апликации треба да работат и прекугранично.
ЕВРОПА: Каде и како ќе може да се патува оваа година?
Воздушен сообраќај
Протоколите ќе бидат донесени во наредните недели, кои треба да ги вклучат следниве мерки:
– вентилацијата на воздухот треба да се засили, со филтрирање на воздухот како што е оној во болниците и вертикалниот проток на воздух,
– движењето на авионите треба да биде ограничено и да се намали интеракцијата со екипажот,
– управување со проток на патници: претходно пристигнување на патници на аеродромот; употреба на електронско најавување или негово обавување на автомати; намалување на контакт за време на проверка на багажот, безбедносно скенирање и проверка на документи, како и за време на вчитување, истовар и собирање на багажот,
Еве кога Црна Гора ќе ја отвори сезоната и под кои услови ќе може да се патува
– Раното нарачување на услугите и оброците треба да се изврши, кога е можно, во моментот на резервацијата.
Автопат
– Треба да се одржува високо ниво на хигиена на терминалите, местата за одмор по автопатот, паркинзите, бензинските пумпи.
– На границите треба да се управува со протокот на патниците.
– Кога не може да се обезбеди задоволително ниво на јавно здравје, треба да се земе предвид затворањето на границите.
Автобуси и минибуси
– Задните врати треба да се користат за влез на патникот, а возилата треба да бидат проветрувани со отворање на прозорци, а не со вклучување на климатизацијата.
– Седењето треба да биде организирано така што семејствата да седат заедно кога е можно, додека луѓето кои не патуваат заедно треба да седат одделно.
СВЕТОТ НА ДЛАНКА: Пред и за време на пандемијата (ВИДЕО)
– Во минибуси нема да им биде дозволено на патниците да седнат до возачот доколку не е можно физичко раздвојување.
– Ако е можно, патниците сами ќе се грижат за својот багаж.
Железница
– Фреквенцијата и капацитетот на возовите треба да се зголемат доколку ако е потребно да се намали бројот на патниците.
– Железничките превозници треба да воведат задолжителна резервација на седиштата во меѓуградските и регионалните возови.
– На кратки растојанија, патниците треба да остават празни места меѓу себе, освен оние од истите домаќинства.
– Железничките превозници треба да ги бројат патниците, особено во приградските возови.
Трендови за 2020та: Туризмот годинава ќе биде поинаков?
– Со протокот на патници на станиците треба да се управува доколку не може да се обезбеди соодветно ниво на јавно здравје.
– Да се охрабрат патувања кога не е најпрометно со воведување финансиски стимулации, како што се прилагодување на цените или флексибилно работно време, со цел да се избегнат големи групи на патници.
– Вратите треба да се отворат автоматски на секоја станица или возачот да ги отвори рачно.