Саиф ал-Адел стана нов шеф на Ал Каеда

Сподели со своите пријатели

Саиф ал-Адел, Египќанец со седиште во Иран, стана лидер на Ал Каеда по смртта на Ајман ал-Завахири во јули 2022 година, објавија ОН и американскиот Стејт департмент.

Loading...

„Нашата проценка се согласува со оценката на ОН дека нов де факто лидер е Саиф ал-Адел, кој е со седиште во Иран“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Во извештајот на Обединетите нации објавен во вторникот се вели дека мислењето на повеќето земји-членки е дека Ал Адел во моментов е лидер на групата.

Групата официјално не го прогласи за „емир“ поради загриженоста за талибанските власти во Авганистан, кои не признаваат дека Завахири бил убиен од американски проектил минатата година во дом во Кабул, се вели во извештајот на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Покрај тоа, во извештајот на ОН се вели дека сунитската Ал Каеда е претпазлива од фактот дека Ал Адел живее во мнозински шиитски Иран.

62-годишниот Ал Адел е поранешен офицер на египетските специјални сили и стара гарда на Ал Каеда.

Тој обучувал некои од киднаперите кои учествувале во нападот врз САД на 11 септември 2001 година, според американските податоци.