САД тестираа хиперсонична ракета

Сподели со своите пријатели

САД извршија успешно пробно лансирање на хиперсонична ракета, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Loading...

Хиперсоничната верзија на ракетата „Локид Мартин“ го заврши тестирањето и ги постигна своите првични цели“, се наведува во извештајот, пренесува Танјуг.

Се наведува и дека последниот пробен лет на хиперсонична ракета го извршиле американските воздухопловни сили заедно со Агенцијата за напредни истражувачки проекти на Пентагон.

За време на тестовите, ракетата летала со брзина над пет мах, или 6.125 километри на час, на надморска височина од 18 километри и достигнала растојание од 300 наутички милји, или повеќе од 500 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени