Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го предупреди својот турски колега Хулуси Акар дека Вашингтон се противи на нова турска воена операција во Сирија.
Loading...
Тој рече дека е загрижен поради ескалацијата на ситуацијата во регионот, соопшти Пентагон.
Во телефонски разговор Остин изразил сочувство за нападот во Истанбул на 13 ноември, пренесува Ројтерс.
Тој нагласи дека е загрижен поради ескалацијата на конфликтот во северна Сирија и Турција, вклучително и неодамнешните воздушни напади.
Некои од тие напади директно ја загрозија безбедноста на американскиот персонал кој работи со локалните партнери во Сирија во борбата против Исламската држава (ИСИС), се вели во соопштението.