САД повторно го откажаа тестирањето на балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави го откажаа лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета Минутемен 3, јавува денеска Ројтерс.

Loading...

Ракетата со дострел од 10.000 километри е способна да носи нуклеарно оружје и, според Ројтерс, претставува клучна компонента на американскиот воен арсенал.

Пентагон го одложи тестот за прв пат на 2 март, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите сили во состојба на готовност.

Во тоа време, САД соопштија дека презеле чекори за „минимизирање на ризикот од погрешно проценување“, но додадоа дека го одложуваат тестот „накратко“.

Портпаролот на американското воено воздухопловство изјави дека поради истата причина е откажано и откажувањето на ракетниот тест.