САД: Понуди за отпремнина добиле вработени во четири разузнавачки агенции, покрај ЦИА

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на САД испратила понуди за отпремнина на вработените во најмалку четири американски разузнавачки агенции, покрај ЦИА, како дел од напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го намали бројот на вработени во федералните агенции, соопштија портпаролите на тие агенции.

Loading...

Портпаролите рекоа дека вклучениот персонал е од Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка агенција, Националната агенција за безбедност, Националната геопросторно-разузнавачка агенција и Националната канцеларија за извидување, објави Ројтерс.

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во вторникот објави дека нејзиниот персонал добил отпремнини.

Портпаролот на ЦИА изјави дека мерките се дел од стратегијата на новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, пренесе Ројтерс.

Плановите на Трамп да го намали бројот на вработени во федералните агенции предизвикаа паника кај вработените и јавни протести.

Висината на понудената отпремнина, како и детали во врска со отпуштањата, не се познати, наведува британската агенција.

Понудата за отпремнина е дел од широката ревизија на американската влада што ја спроведува администрацијата на Трамп, која досега отпушти стотици државни службеници во обид да ја намали бирократијата и да ги постави лојалистите на клучни позиции.

Белата куќа минатата недела понуди можност за земање платено отсуство до 30 септември за два милиони вработени со полно работно време во федералните агенции.

Loading...

Во меѓувреме, синдикатите кои ги застапуваат државните службеници поднесоа тужба во обид да го блокираат планот, пренесува Танјуг.