Соединетите Американски Држави (САД) најавија нова воена помош за Украина во износ од 500 милиони долари.
„САД ќе достават уште една значајна пратка опрема и оружје на нашите украински партнери на кои итно им е потребна помош додека се бранат од руската агресија“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен во соопштението.
Новата испорака на опрема во Киев ќе биде 72-та од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, објави Белата куќа.
Овој месец имаше две пратки американска воена помош за Украина, едната во вредност од 988 милиони долари, а другата во вредност од 725 милиони долари.
Испораката на опрема објавена денеска ќе вклучува муниција за ракетни системи, артилериски гранати, беспилотни летала, воени возила, како и заштитна опрема од хемиски, радиолошки и нуклеарни напади.