САД чекаат арапски план за Газа, планот на Трамп останува „единствената опција“

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот рече дека администрацијата на Доналд Трамп им дава време на арапските земји да презентираат остварлив предлог за повоена Газа, но дека засега „единствениот план е планот на Трамп“.

Loading...

Говорејќи на „Шоуто на Клеј Тревис и Бак Секстон“, Рубио нагласи дека иако се чини дека примирјето се одржува, клучното прашање останува дека „во одреден момент ќе треба да разберете, да се запрашате што се случува со Газа?

Според официјалното соопштение објавено од американскиот Стејт департмент, Рубио ги критикувал арапските нации што им изразиле поддршка на Палестинците без да преземат акција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американец избра да биде погубен со стрелачки вод: „Не сакам да умрам со маченичка смрт“

„Никој од нив не сака да ги земе Палестинците, никој од нив не направи ништо за Газа во тој поглед“, посочи Рубио.

Трамп постојано бараше да се преземе контролата врз Газа и да се населат Палестинците во соседните земји по израелската геноцидна војна за да се изгради, како што тој ја нарекува „Блискоисточна ривиера“.

Неговиот предлог наиде на широко распространета осуда од Палестинците, арапските земји и многу други нации ширум светот, вклучително и Канада, Франција, Германија и Обединетото Кралство.

– Напори за алтернативен план за Газа –

Рубио, исто така, потврди дека регионалните лидери ќе се сретнат во Саудиска Арабија во наредните недели за да развијат алтернативен план.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до министрите: Дали некој е незадоволен од Илон? Ако е, ќе го исфрлиме (ВИДЕО)

Тој рече дека САД ќе го оценат нивниот предлог, но предупреди дека секој план „што ќе го остави Хамас таму ќе има проблем бидејќи Израел нема да го толерира“.

Државниот секретар, исто така, ја отфрли американската воена вмешаност во отстранувањето на Хамас од Газа.

„Некој мора да им се спротивстави на овие момци. Кој ќе биде тоа? Тоа нема да бидат американски војници“, рече Рубио.

Тој додаде дека ако регионалните актери не преземат акција, „Израел ќе мора да го стори тоа, а потоа ќе се вратиме таму каде што бевме“.

Рубио потврди дека планира патување во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел за да разговара за ова прашање, по претходните разговори со Египет и Јордан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Подготвени сме да преговараме со Израел за следната фаза од прекинот на огнот во Газа

„Се надеваме дека ќе имаат навистина добар план да му го претстават на претседателот“, рече Рубио, повторувајќи дека дотогаш „единствениот план е планот на Трамп“.