Сѐ уште се прибираат доказите за бегството на Мијалков (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сѐ уште се води истрагата за бегството на поранешниот шеф на УБГ Сашо Мијалков, рече денеска од Куманово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Loading...

– Целосно се води истрагата во рамките на Јавното обвинителство, сите активности кои сме задолжени да ги спроведеме, да ги прибавиме доказите ги прибираме и доставуваме до Јавното обвинителство, така да кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали сигурно дека тоа ќе биде направено, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Инаку, од бегството на Мијалков изминаа скоро две недели и сѐ уште нема информации кој и како му помогнал да избега, па да се појави сам во обвинителството.

Во меѓувреме тој доби затворска казна од 12 години и моментално е во затворот во Скопје каде е во притвор чекајќи ја правосилноста на пресудата.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply