Сѐ уште се чека да почне увидот во Челопек во потрага по 60-годишната жена

Сподели со своите пријатели

Увидот на екипи на Министерството за внатрешни работи сѐ уште не е започнат во куќата во селото Челопек во општината Старо Нагоричане за каде мештаните се сомневаат дека е изгорено телото на 60-годишната Стојанка.

Loading...

 

 

Вчера нејзиниот вонбрачен сопруг рече дека таа во обид да избега од пожарот се заклучила во куќата по што и се губи трагата.

Од МВР утринава за Кумановски Муабети рекоа дека увидот не е започнат поради жаришта кои тлееле внатре во остатоците од домот.

 

Loading...

 

Куќата е скоро целосно изгорена, а увидната екипа на МВР која пристигнала претпладнево не може да започне со работа бидејќи остатоци од ѕидините се паднати и се чека на градежна механизација која ќе треба да ги отстрани.

 

 

На местото на настанот освен екипи на МВР, уште има и пожарникари, мештани, а дојдени се и роднини на Стојанка од Бујановац.

Инаку вчера пожар избувна во атарот на селото Челопек при што нанесе поголема штета, опожарени се неколку куќи, а најмногу е настрадана онаа на дедо Борис.

 

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply