Руските воздухопловни сили ќе бидат опремени со нови хиперсонични ракети

Сподели со своите пријатели

Руските воздухопловни сили треба да бидат опремени со нови хиперсонични ракети со долг дострел, изјави денеска командантот на руските воздухопловни сили Сергеј Кобилаш.

Loading...

Кобилас рече дека, во рамките на развојот на авијацијата со долг дострел, се предвидува снабдување со низа авијациско оружје, вклучително и нови хиперсонични крстосувачки ракети, пренесе Интерфакс.

Кобилаш, во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана, рече дека руската флота на бомбардери со долг дострел е способна да лансира и нуклеарни и конвенционални ракети, пренесе Ројтерс.