Украинка украла муниција од заспаните руски сили и ја предала на украинската армија.
Постара жена во село во близина на Киев украла муниција од руски војници додека спиеле за време на окупацијата, јави германската новинска агенција dpa.
Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид
Жената потоа го сокрила пленот во колиба за зајаци, а подоцна им го предала на украинските војници, пишува украинската новинска агенција УНИАН, повикувајќи се на видео објавено на Телеграм од советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.
Жената рече дека не се исплашила кога руските сили влегле во нејзиното село Перемоха и решиле да ги „разоружаат“ и им ја дала муницијата на украинските војници кога неодамна дошле во нејзиното село, пренесува UNIAN.