Руската безбедносна служба ФСБ објави дека спречила напад со токсичен гас подготвен од украинските специјални служби во областа Запорожје во Украина, делумно под контрола на руските сили.
„Одбиен е обид за напад на украинските специјални служби во областа Запорожје, за кој требаше да се користи еквивалент на отровниот воен агент „БЗ“, според класификацијата на НАТО“, соопшти руската служба за безбедност.
Токсичните агенси запленети за време на операцијата „се користат за производство на хемиско оружје за масовно уништување и се дизајнирани во САД“, се додава во соопштението на ФСБ.
Истрагата за планираниот напад и производството на оружје за масовно уништување е во тек.
Руските власти уапсија тројца украински државјани, додаде истиот извор.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.