Руските трупи со авиони ги нападнаа предградијата на Харков

Сподели со своите пријатели

Утрово руските војници повторно извршија воздушен напад врз селото Слатин во областа Харков, при што беа оштетени станбени згради и клиника, објави регионалното обвинителство на Телеграм.

Loading...

Нападот бил извршен околу 6 часот и 40 минути утринава, а последиците од нападот вклучуваат запалена гаража, оштетени станбени згради и зграда на клиника, објави Укринформ.

Во нападот нема жртви.

Обвинителството на Украина покрена истрага за военото злосторство, додека во моментов се врши идентификација на типот на ракета со која руските војници ја погодија населбата.

Според Укринформ, руските војници вчера извршиле сличен напад врз селото Слатине, во кој едно лице е повредено, а биле оштетени и приватни домови и автомобили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: ЕУ на секој начин ја покажува својата намера да го продолжи конфликтот во Украина