Руските сили го гранатираа Харков

Сподели со своите пријатели

Серија експлозии утрово одекнаа во Харков, а градоначалникот Игор Терехов објави дека руските сили ја гаѓале индустриската зона со четири ракети С-300.

Loading...

Терехов изјавил дека целта била инфраструктурата и дека се прецизираат информациите за повредени и штети, пренесува Униан.

Шефот на регионалната воена управа во Харков, Олег Синегубов, исто така потврди дека руските сили го нападнале Харков.

Локалните медиуми јавуваат дека по експлозијата може да се забележи колона густ црн чад.

Корисниците на Телеграм на таа мрежа напишале дека веднаш по експлозиите почнале проблеми со струјата во градот и дека метрото престанало да работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Претходно украинските медиуми објавија дека во Киев се слушнале експлозии.

Во повеќе области на Украина утринава е најавена воздушна опасност.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...