Руски потполковник загина во страшна експлозија – Поставена е бомба во автомобилот?

Сподели со своите пријатели

Потполковник на руската армија загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург, објави локалниот новински портал Фонтанка, пренесува Москва Тајмс.

Експлозијата се случила околу 10:00 часот по локално време во близина на супермаркет во населбата Сушари. Сопругата на офицерот исто така била во автомобилот и е тешко повредена, објави Фонтанка.

Прелиминарните извештаи укажуваат дека импровизирана експлозивна направа експлодирала во возилото.

Полициските власти не дадоа веднаш коментар за инцидентот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ги предупреди Британија и Франција: „СИ ИГРАТЕ СО ОГАН“