РУСКИ „ПАРТИЗАНИ“: Најголемиот кошмар на Путин

Сподели со своите пријатели

Откако во атентат беше убиена Дарија Дугина, ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин, која се смета за блиска до рускиот претседател Владимир Путин, некои членови на политичката елита во земјата почнаа да шпекулираат дека руските „партизани“ – одметничките сили – стоеле зад бруталното убиство и дека од Москва и од сенка ѝ помагаат на Украина.

Loading...

Тие со години се „трн во окото на Владимир Путин“ и се единица која им помага на Украинците да ги одбијат руските напади.

Имено, поранешниот руски пратеник Илја Пономарев, говорејќи од Киев, изјави дека Дугина е убиена од припадници на Националната републиканска армија (НРА) – односно руски „партизани“.

„Оваа акција, како и многу други кои беа спроведени на територијата на Русија во последните месеци, беше спроведена од Националната републиканска армија (НРА). Оваа единица е наречена и „партизани“ поради нивниот начин на дејствување“, рече Пономарјов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

 

 

 

Како што тврди тој, руските „партизани“ се подземна група која работи внатре во Русија и е посветена на соборување на режимот на Путин.

Loading...

Тој посочи дека овој напад отвора нова страница во борбата на руските граѓани против владеењето на Путин.

„Ова е само доказ дека „партизаните“ во Русија се подготвени за понатамошни напади врз слични цели – луѓе поврзани со Кремљ, вклучувајќи функционери, олигарси и членови на руските безбедносни агенции“, посочи тој.

Кои се руските „партизани“?

Се верува дека оваа армија дејствува на територијата на Украина од почетокот на војната и ѝ помага во борбата против Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Како што оваа организација постојано нагласуваше, НРА силно се противи на војната што ја започна Русија.

НРА го прогласи Путин за „узурпатор и воен злосторник кој го промени рускиот Устав, започна братоубиствена војна меѓу словенските народи и ги испрати руските војници во сигурна и бесмислена смрт“.

Целта на оваа група е и други руски функционери како „соучесници на узурпаторите“.

Како своја цел наведуваат целосното уништување на Путин и соборувањето на неговата влада. Се наведува и дека сите што „стојат“ со Путин ќе бидат „уништени“ доколку самите не поднесат оставка.

Организацијата исто така соопшти дека е подготвена да нападне воени објекти во Русија и ги повика руските војници да го положат оружјето и да одбијат да извршуваат криминални наредби.

Loading...

НРА ги повика сите Руси да се приклучат на нивните редови и наместо тробојката да го подигнат „бело-сино-белото знаме на новата Русија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Оваа армија вети и дека ќе ги ослободи сите оние кои незаконски затворени или осудени од владата на Путин „по победата“.

Што прават во Украина?

„Партизаните“ се активни и во конфликтот во Украина. Според неофицијални информации, од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, тие постојано доаѓале во директен конфликт со руските сили.

Тие се особено против евентуален референдум во Херсон и наведуваат дека ќе дејствуваат и нема да дозволат оваа област да се припои кон Русија.

Тие, наводно, се подготвуваат и за зголемени руски напади кои се очекуваат во текот на овие денови, бидејќи поминаа шест месеци од почетокот на конфликтот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.