Руски опозиционер прогласен за виновен за ширење „лажни вести“ за армијата

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозициски политичар Илја Јашин е прогласен за виновен за ширење „лажни информации“ за армијата, пренесоа руските новински агенции.

Loading...

Обвинителите побараа деветгодишна затворска казна за Јашин, московски окружен советник.

Во текот на денот треба да се донесе пресуда.

Му се судеше поради видео на Јутуб од Буча

На Јашин му се судеше поради видео објавено во април на Јутуб во кое тој разговараше за доказите откриени од западните новинари за руските воени злосторства во Буча и фрла сомнеж врз верзијата на официјална Москва дека таквите извештаи се измислени како „провокација“ против Русија.

Русија донесе нови закони по инвазијата на Украина на 24 февруари, кои предвидуваат затворски казни до 15 години за ширење лажни информации за војската.

Во својата завршна изјава пред судот оваа недела, Јашин директно му се обрати на претседателот Владимир Путин, опишувајќи го како „лице одговорно за овој масакр“ и барајќи од него „да престане ова лудило“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.