Руски дронови погодија енергетски објекти во два региони во северна Украина

Сподели со своите пријатели

Руски дронови во текот на ноќта погодија објекти на енергетска инфраструктура во два региони на северот на Украина, а нема повредени, соопштија украинските регионални власти.

Loading...

Тие наведоа дека еден од иранските дронови Шахид погодил енергетски објект во регионот Сумка, додека другиот удрил во објект во регионот Чернихив, пренесе Ројтерс.

Официјални лица изјавија дека екипите за поправка биле итно пренесени на местата на нападот.

Украинските воздухопловни сили објавија дека украинската противвоздушна одбрана соборила 13 од 17 руски беспилотни летала кои беа лансирани во текот на ноќта во пет региони во источниот, северниот и централниот дел на земјата.

Украинските власти соопштија дека руските сили во текот на ноќта ги нападнале и регионите Харков, Полтава и Киев, пренесе Укринформ.

Истовремено, руското Министерство за одбрана соопшти дека силите за противвоздушна одбрана синоќа собориле 27 украински беспилотни летала над руска територија, 26 над територијата на Ростовската област и еден над Смоленската област, пренесе РИА Новости.

Според шефот на Ростовската област Василиј Голубев, во нападите со беспилотни летала нема повредени.

Шефот на Смоленската област Василиј Анохин изјави дека нема жртви или штети ниту во регионот на Смоленск, пренесува Танјуг.

Loading...