Руската фрегата „Адмирал Горшков“ изведе воена вежба со хиперсонични ракети „Циркон“ во Атлантикот, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Како што се наведува во соопштението, екипажот на фрегата го вежбал нападот на хиперсоничната ракета „циркон“ врз мета која симулирала непријателски воен брод на оддалеченост од повеќе од 900 километри, пренесе ТАС С.
Во соопштението не се наведува дека фрегата ја лансирала ракетата, пренесе Ројтерс.
Циркон 322 е нова руска хиперсонична крстосувачка ракета од најновата генерација која може истовремено да уништи два или повеќе најсовремени бродови или носачи на авиони.
Почетокот на тестирањето на „циркон“ беше најавен во 2016 година, а на крајот на ноември 2017 година ракетата влезе во руските вооружени сили.