Руска ракета експлодираше во Полска? Силна експлозија на истокот од земјата, голем кратер во близина на населбата

Сподели со своите пријатели

Во округот Билгорај во близина на градот Лублин во Полска, жителите слушнале силен тресок синоќа, а откако пристигнале на местото на настанот, пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, објави полицијата во Лублин.

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, кое се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер пристигнале на местото на настанот, пренесува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бишкупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Павел Дуров, основачот на Телеграм кој се соочува со обвиненија за тероризам во Русија?

 

 

Во соопштението се наведува дека воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавање и Окружното обвинителство во Лублин биле информирани за инцидентот, а на местото на настанот биле испратени и полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој е оддалечен околу 80 километри од границата со Украина, сирените се вклучиле и ноќеска, нешто пред 4 часот наутро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските напади врз Украина убија седум лица, Полска крена борбени авиони

Оперативната команда на родовите на полските вооружени сили објави околу 2 часот наутро дека „поради активноста на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на територијата на Украина, започнале операции на воена авијација во полскиот воздушен простор“. Постојат шпекулации дека експлозијата е предизвикана од руска ракета, но тоа не е потврдено.

Операцијата на полските воздухопловни сили била поврзана со масовен руски напад врз Украина, вклучително и врз региони близу до границата со Полска.