Руска нафта од април во Пакистан

Сподели со своите пријатели

Пакистан ќе започне со увоз на сурова нафта од Русија во април по завршувањето на преговорите, изјави државниот министер за нафта Мусадик Малик за News International.

Loading...

„Во март ќе бидат финализирани сите комерцијални услови од договорот со Русија, вклучително и валутата на плаќање, која нема да биде доларот“, рече пакистанскиот министер.

Пакистан, како дел од договорот со Русија, развива сеопфатен план за енергетска безбедност, чија реализација е планирана до крајот на годината, пишува пакистанскиот весник.

„Сурова нафта, течен природен гас, бензин и други горива ќе бидат вклучени во оваа стратегија и се очекува да ја зголеми енергетската безбедност на Пакистан“, рече Малик, додавајќи дека во претстојната зимска сезона, Исламабад ќе може да купува течен природен гас на Спот-пазарот на двете компании идентификувани од Москва, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов потврди дека Русија и Пакистан го координираат обемот на испораките на нафта и разговараат за прашањата за логистика, осигурување и плаќање.

Откако западните земји воведоа ограничување на цената на нафтата од Русија, Москва објави дека нема да снабдува суровини за странски клиенти доколку договорите експлицитно или имплицитно предвидуваат механизам за фиксирање на маргиналните трошоци.