Руска ЦИК: Невидена излезност – 77,44 отсто, 87,29 отсто за Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателката на руската Централна изборна комисија Ела Памфилова изјави дека на претседателските избори е забележана рекордна излезност од 77,44 отсто, а актуелниот претседател Владимир Путин доби нов, петти шестгодишен мандат, пренесува Тасс.

Loading...

Вкупно до 10 часот на овие избори гласале 87.113.127 гласачи, рече таа на прес-конференцијата и истакна дека се работи за невиден одѕив.

Памфилова додаде дека се преброени речиси 100 отсто од гласовите, а Путин освоил 87,29 отсто или гласовите на 76 милиони гласачи.