Русите погодија трикатница во Миколаев, најмалку 18 ранети, напади и во Одеса

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица се ранети денеска во рускиот напад на украинскиот пристанишен град Миколаев, соопшти регионалниот гувернер Виталиј Ким, а властите во Одеса известија за нови напади во тој регион.

Loading...

Тензиите околу украинските пристаништа на Црното Море ескалираа откако Русија предупреди дека бродовите што ќе пловат кон нив од денеска ќе се сметаат за потенцијални воени цели, по повлекувањето на Москва од договорот за обезбедување безбеден премин на украинските товари со жито, пренесува Ројтерс.

Трикатна станбена зграда е погодена во центарот на Миколаев, а службите за итни случаи спасиле две лица од урнатините, напиша Ким на Телеграм.

Тој претходно објави дека некои луѓе се убиени, но не даде повеќе информации во следните пораки.

Претставникот на администрацијата на регионот на Одеса, Сергиј Братчук, изјави дека две лица се хоспитализирани по нападот во Одеса во кој беше оштетена зграда и избувна пожар.

Друг напад е пријавен надвор од градот, напиша Брачук на Телеграм.