Русите напредуваат, Украина испраќа дополнителни сили за стабилизирање на фронтот

Сподели со своите пријатели

Офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Андриј Марочко денеска изјави дека командата на вооружените сили на Украина испратила дополнителни сили и ресурси во градот Соледар во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) поради успехот на руските сили во таа област.

Loading...

Според него, успесите на руските војници во близина на Соледар ја принудуваат украинската команда да пренесе дополнителни сили и ресурси од други правци, како и да почне да користи резерви, пренесува ТАСС.

„Ослободувањето на селото Јаковливка, кое се наоѓа североисточно од Соледар, сериозно ги вознемири украинските воени команданти. Во областа Соледар беше испратен резервен баталјон за да го запре напредувањето на нашите единици и да го спречи повлекувањето на украинските војници во селото Минковка“, рече Марочко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Во неделата, портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, објави дека руските вооружени сили ја презеле контролата врз селото Јаковливка и почнале да го чистат селото од остатоците од украинските војници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.