Русите на листата на „терористи“ го додадоа и славниот шахист

Сподели со своите пријатели

Русија го додаде шаховскиот велемајстор и политички активист Гари Каспаров на листата на „терористи и екстремисти“, се вели во известувањето на руската финансиска разузнавачка служба.

Loading...

Повеќекратниот светски шампион во шах Каспаров е долгогодишен противник на претседателот Владимир Путин и живее во САД речиси една деценија.

Во 2013 година, плашејќи се од правна постапка, тој ја напушти Русија и продолжува да ја осудува руската влада и нејзината војна во Украина од САД.

Во 2022 година, руските власти веќе го означија Каспаров како „странски агент“.

Актуелните власти во Русија тој термин го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Повеќето од главните противници кои останаа во Русија се во затвор, додека други се во егзил.

Каспаров, роден 1963 година во Азербејџан, важи за еден од најголемите шахисти во светот.

Тој беше светски шампион на Меѓународната шаховска федерација ФИДЕ во периодот од 1985 до 1993 година, а до 2000 година беше и светски шампион на Федерацијата на професионални шахисти, која Каспаров ја создаде заедно со Најџел Шорт.

Loading...

Според класичниот ФИДЕ метод, Каспаров е еден од тројцата шахисти со шест светски титули. Покрај него се Емануел Ласкер (1894-1921) и Анатолиј Карпов (1993-1999).